Бројот на смртни случаи од коронавирус во Италија денеска се зголеми за 353, што е најголема бројка од 6 мај, соопшти италијанското Министерство за здравство. Вчера бројот на смртни случаи беше 233.

Вкупниот број починати од ковид-19 во Италија сега е 39.412, објави порталот „Ворлдметерс”.

Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 28.244 нови случаи на коронавирус, што е значително повеќе од вчерашните 22.253 нови инфекции.

Вкупниот број лица заразени со ковид-19 во Италија е 759.829.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.