Индиската полиција соопшти денеска дека четворица мажи осомничени за силување и убиство на жена во јужна Индија биле убиени за време на реконструкцијата на злосторството.

Четворицата биле во притвор и не се официјално обвинети за какво било кривично дело.

Тие биле однесени на местото на злосторството рано утрово, каде се сомничело за силување и убиство, како и на местото каде што телото на жртвата било запалено на оддалеченост од околу половина километар, рече службеник од канцеларијата на комесарот на полицијата.

Комесарот за полиција во Хиберабада В.Ц. Саџанар, изјави за Би-Би-Си дека полицијата ги однела обвинетите на местото на настанот да го реконструира она што се случило.

Полицијата пукала кон нив кога се обиделе да ги зграбат пиштолите на офицерите и да побегнат – рече тој.

Притоа, двајца полицајци се повредени.

Изгореното тело на 27-годишната жртва беше пронајдено минатата недела и тој инцидент предизвика бес и протести ширум Индија поради наводна неактивност на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.