Светската здравствена организација денес соопшти дека само во текот на изминатата недела половина од бројот на новозаразени во светот биле регистрирани во Индија, каде што беснее двојниот индиски мутант, кој е многу попренослив од претходните соеви.

Според СЗО, дури 46 проценти од вкупно регистрираните на глобално ниво, билер токму во Индија, како и 25 проценти од починатите во светот од корона вирусот.

Здравствениот систем е на колена. Угледниата агенција Ројтерс наведува дека мртовечниците и болниците се преполни, а многумина починале и во возилата на итна помош или на паркинзите, чекајќи кревет или кислород.

Светските агенции веќе со денови известуваат дека кислородот и лековие драстично поскапуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.