Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Индија надминаа два милиона,соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа јужноазискиот гигант регистрираше 62.585 нови инфекции, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата е 2.027.074.

Вкупно 886 пациенти починале за 24 часа, а бројот на жртвите сега е 41.585.

Мексико соопшти за 6.590 нови инфекции со коронавирус и 819 смртни случаи. Со тоа, бројот на заразени во државата е 462.690, а смртните случаи – 50.517, соопшти Министерството за здравство. Вирусот во Мексико се шири брзо. Пред околу две недели, според Министерството за здравство, имало 40.000 смртни случаи.

Мексико е на третото место во светот по бројот на жртви од вирусот. Пред него се Бразил, кој се приближува до 100.000, и САД каде што смртните случаи се речиси 160.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.