Хонг Конг ќе потроши речиси 10 милијарди американски долари со цел да им помогне на граѓаните чии финансии се намалени поради ширењето на новиот коронавирус.

Министерот за финансии на Хонг Конг, Пол Чан денеска најави дека Владата на сите полнолетни жители на Хонг Конг ќе добијат по 10.000 хонгконшки долари (1.280 американски долари).

Социјалните превирања во последните месеци и новата епидемија на коронавирус предизвикаа голем удар врз економијата во Хонг Конг – истакна Чан.

Тој додаде дека „средствата ќе бидат доделени со цел да се стимулира потрошувачката и да се ублажи финансискиот товар на населението“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.