Дел од холандските болници го прекинаа лекувањето со хемотерапија и трансплантација на органи за да обезбедат кревети за интензивна нега поради зголемениот број на пациенти инфицирани со Ковид-19.

Бројот на пациенти заразени со корона вирус во холандските болниците се искачи на рекордно ниво, што не е забележано од почетокот на мај, а експертите предупредија дека болниците ќе го достигнат својот полн капацитет за нешто повеќе од една недела.

“Неделава неколку пациенти со ковид-19 се пренесени во германските болници.

Иако 85 проценти од возрасното население е вакцинирано против Ковид-19, во изминатите 24 часа регистрирани се 23.709 новозаболени лица.

Во Холандија од почетокот на пандемијата со ковид-19 регистрирани се над 2,5 милиони инфицирани и над 19.000 смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.