Холандската влада ќе го продолжи полицискиот час, потврди министерот за правда.

Полицискиот час, кој во оваа земја беше воведен на 23 јануари, првпат од Втората светска војна, предизвика неколку дневни протести во повеќе градови.

Тимот на владини советници наведува дека ситуацијата е полоша од што се очекувала по прашање на инфекција и хоспитализација.

Расте бројот на случаи на зараза со британскиот вид на вирус и продолжуваме со полицискиот час, изјави министерот.

Новите случаи во Холандија сепак се во опаѓање, но владата продолжува со мерките бидејќи се очекува дека наскоро ќе дојде до пресврт на тој тренд поради растот на заразата со новиот вид на вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.