Некои локални политичари, свештеници, полицајци и пожарникари се наоѓаат меѓу оние кои низ цела германија примиле вакцина против корона вирус, иако не се наоѓаат во приоритетната група, јави „Дојче пресе“.

Здравствените власти во првата приоритетна група ги ставија постарите од 80 години како и вработените во болниците, лекарските амбуланти, старечките домови и центрите за вакцинирање, односно сите оние кои поради природата на работата се изложени на висок ризик од зараза.

Градоначалници, советници и локални политичари, како што пишува Дојче пресе, преку ред се вакцинирани во Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и во Баварија.

Хамбург вакцинираше 102 пожарникари и двајца полицајци кон крајот на јануари, а 330 полицајци се вакцинирани во покраината Сасака-Анхалт како дел од теренско испитување. Речиси 400 полицајци се вакцинирани во Саска порано од предвиденото

Преку ред се вакцинирало и во Бремен и Хесе, а во повеќето случаи објаснувањето е дека се работи за вакцини кои на крајот на денот останале неискористени.

ДОзите, кога ќе се подготват, мора да се искористат во неколку часа. Кога луѓето ќе се откажат од вакцинирање, вишокот се настојува да се искористи, па така ни во Германија нема правила како точно да се постапи во овие ситуации кога закажаниот пациент не се појавува на вакцинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.