Во Германија нагло се зголеми бројот на заразени со новиот коронавирус со регистрирани 2.660 нови заразени и 31 смртен случај.

Вкупниот број заразени е 80.641, а вкупниот број починати од вирусот е речиси 1.000.

Бројот на смртни случаи и заразени во текот на изминатите 24 часа се зголеми најмногу досега, според Институтот „Роберт Кох“.

Епидемијата на коронавирусот најтешко ги погоди најголемите федерални покраини, како Северна Рајна-Вестфалија, Баварија и Баден-Виртемберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.