Француската полиција запленила 1,3 тони кокаин скриени во вреќи за ориз испратени од Суринам во Јужна Америка.

Според неименуван извор запознаен со случајот, пратката била откриена во пристаништето Лон-Плаж, во близина на Данкерк.

Изворот, за локален весник изјавил дека во Франција ретко се запленува повеќе од еден тон дрога и дека овој случај е „сигурно рекорд за Денкерк“.

Царинските службеници ја откриле дрогата додека проверувале контејнер во пристаништето за време на претовар на стока.

Засега нема уапсени, а истрагата ја води полицијата во градот Лил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.