Полека продолжува да се стишува епидемијата на коронавирусот во Франција, откако во изминатите 24 часа се откриени 4. 452 нови случаи, објави Институтот за јавно здравство и Министерството за здравство на оваа земја, јави дописникот на МИА.

Во неделата, 13.157 луѓе биле позитивни на тестот. Бројките во понеделникот се вообичаено пониски од оние за другите денови во неделата, поради лабораториите што се затворени за време на викендите.

Вчера во болниците од Ковид-19 умреле 501 лице, со што бројот на жртви достигна 49.232.

Вкупно, во последните седум дена се забележани 12.898 нови хоспитализации, од кои 1946 на интензивна нега. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вечерва во 20 часот ќе им се обрати на Французите. Тој, како што се очекува, треба да соопшти дека и натаму, за неколку недели, ќе продолжаат рестриктивните мерки во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.