Во Франција уште неколку департмани следните денови ќе влезат во црвен аларм поради пандемијата со ковид-19,што значи дека и во нив ќе мора да се воведе полициски час, изјави портпаролот на француската Влада Габриел Атал.

Тој додаде дека предлогот на владата е да се продолжи вонредната состојба до 16 февруари следната година. Тоа би значело дека владата го задржува овластувањето да го продолжи полицискиот час, што е во сила во поголем број француски градови, вклучително и Париз.

Од саботота во Париз и другите поголеми градови воведен е полициски час од 21 до шест часот, што би требало да е во сила четири недели, а би можел да биде продолжен на шест седмици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.