Во Франција се откриени првите случаи на коронавирусот Б.1.617, мутација која е доминантна во Индија, соопшти доцна синоќа француското Министерство за здравство.

Првиот случај е пријавен кај жена која патувала во Индија и живее во југозападна Франција,.

Други две лица од југоисточна Франција се заразени со мутиран вид на коронавирус, а Министерството соопшти дека и тие неодамна биле во Индија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.