Неколку часа откако сега веќе поранешниот француски премиер Едуар Филип поднесе оставка, судот во Франција покрена истрага за тоа како Владата постапила во ситуацијата со пандемија на новиот коронавирус.

Заедно со Филип, под истрага се и поранешната министерка за здравство Ањес Бизин и нејзиниот наследник Оливие Веран, изјави јавниот обвинител Франсоа Молен.

Француската Влада се соочуваше со критики поради недостигот на медицинска опрема за време на пандемијата.

Од почетокот на епидемијата, во Франција од коронавирус се заразени 202.673 лица, а починале 29.875 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.