Во Европа се зголемува бројот на возрасни работници, покажуваат статистиките на Евростат.

Меѓу трите земји кои се со најголем број стари работници е и најмоќната европска економија Германија, а друштво ѝ прават Шведска и Данска. Со години наназад странските медиуми пишуваа дека илјадници работни места во Германија, ќе нема кој да ги пополни во иднина, а тоа е шанса за Балканците кои мака мачат да најдат пристојна работа во своите држави. Ќе им требаат луѓе од сите профили, но акцент е ставен на медицинскиот персонал, на луѓето кои ќе треба да се грижат за старите лица во домовите.

За пет години, од 2013 до 2018 година пораснал бројот на вработени стари лица во Европа кои се на возраст од 55 до 64 години.

Во 2018 година, стапките на вработеност кај луѓето на оваа возраст беа повеќе од 70 отсто во Шведска, Германија и Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.