Низ цела Европа веќе има над 300 илјади смртни случаи како последица од коронавирусот, покажуваат податоците до кои дојдоа британските медиуми.

Според нив, иако во Европа живее само 10 проценти од светската популација, на Стариот континент се регистрирани речиси четвртина од досега потврдените вкупно околу 1,2 милиони смртни случаи во светот.

Британските медиуми проценуваат дека притисокот и тензиите што насекаде ги предизвикува пандемијата на коронавирусот се чуствуваат дури и во добро опремените болници во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.