Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија проценува дека во Европската Унија ќе има недостаток од 11 милиони здравствени работници и вработени за нега на стари лица до 2030 година за да може целосно да се исполнат барањата кои со себе ги носи стареењето на населението.

Во извештајот на истражувачкиот центар се наведува дека голем дел од потребата за ваква работна сила во моментов се обезбедува од домашните системи за образование и обука, но миграцијата и мобилноста на трудот во рамките на ЕУ играат и ќе имаат сè поголема улога.

Во 2018 година, речиси два милиони здравствени работници не биле родени во земјата каде што работат.

Европа е континент кој старее и мора да се подготви за растечката побарувачка на работна сила. Наш заеднички предизвик ќе биде да обезбедиме прифатлива, квалитетна долгорочна нега и соодветна работна сила – вели потпретседателката на Комисијата за демократија и демографија, Дубравка Шуица.

Извештајот нагласува неколку предизвици кои, доколку се решат, може да помогнат во поттикнувањето на мобилноста, односно да се ослободи целосниот потенцијал на миграцијата од трети земји, за да се помогне во ублажувањето на притисоците од недостиг на работна сила во овие сектори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.