Во Европската унија, меѓу март и ноември 2020 година, имало 450.000 повеќе смртни случаи во споредба со истиот период помеѓу 2016 и 2019 година, објави Европската агенција за статистика.

Според Евростат, зголемувањето на смртноста го достигна својот прв врв во април 2020 година. Нешто пониско зголемување на морталитетот во ЕУ е забележано помеѓу мај и јули, со значително понатамошно зголемување кон крајот на август и почетокот на септември, што се совпаѓа со новиот бран на пандемијата на коронавирус.

Најголем пораст на морталитетот е забележан во ноември, и тоа за 40 отсто повеќе отколку во истиот период од претходните години.

Европската агенција за контрола и превенција на болести вели дека 495.716 лица починале од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во Унијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.