Во Европската унија досега 200 милиони луѓе или скоро 55% од возрасната популација се вакцинирани против коронавирус, изјави портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант, на брифинг во Брисел.

До денес, 200 милиони луѓе во Европската унија се целосно вакцинирани или 54,7% од возрасната популација. 68,4% од возрасната популација на Унијата примиле барем една доза од вакцината, рече таа.

Според неа ова се добри показатели, но за борбата против ширењето на вирусот, додаде, е многу важно вакцинациите да се вршат рамномерно низ цела Унија.

Претходно беше забележано дека Романија, Бугарија и Хрватска покажуваат пониско ниво на вакцинација отколку другите членки на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.