Нова, досега непозната варијанта на коронавирусот е откриена во Чешка, објавија денеска чешките медиуми.

Новата варијанта е откриена од експерти од специјализираната лабораторија Елиабет фармакон од Брно, а според нивната проценка, мутациите не изгледаат поопасно од британскиот или јужноафриканскиот вид, пренесува Тасс.

Епидемиолошката состојба во Чешка е меѓу најтешките во Европската унија. Во таа земја, која има 10,7 милиони жители, досега се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус, а речиси 26 000 луѓе починаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.