Тајно друштво зад кое стојат масони ја откриле тајната локација каде што Адолф Хитлер непосредно пред падот на Берлин го сокрил нацистичкото богатство.Ова би можело да го промени текот на историјата бидејќи ова е една од најголемите историски мистерии.

Според документите кои им се предадени на полските историчари да ја потврдат автентичноста, локацијата се наоѓа во југозападна Полска во напуштен бунар 60 метри под земја. Во близна на локацијата се наоѓа палатата Хоџберт и селото Розток, пишува британски  Ekspres.

Во богатството на нацистичкиот лидер се проценува дека има злато, сребро, пари, керамика, гоблени кои тогаш биле многу на цена, како и историски книги.

I

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.