Во Велика Британија се забележани повеќе од 10.000 новозаразени во еден ден, како резултат на ширењето на „делта“ варијантата на коронавирусот.

Научниците проценуваат дека новиот „делта„ вирус, кој сочинува 95 отсто од сите новозаразени со коронавирус во Велика Британија, е помеѓу 40 и 95 проценти позаразен од претходниот доминантен вид.

Поради ширењето на овој вид, британскиот премиер Борис Џонсон го одложи понатамошното олеснување на мерките за еден месец до 19-ти јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.