Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Марина Вилер постигнаа денеска финансиски договор за развод.

Адвокатите на Џонсон и Вилер присуствуваа на кратко приватно рочиште пред Централниот подрачен суд во Лондон.

Судијката Сара Гибонс забрани медиумите да известуваат за финансиските детали.

Таа и даде на Вилер дозвола да поднесе молба за развод на бракот, со што тој и формално ќе биде прекинат.

Џонсон и Вилер, која е адвокат, се вечаа во 1993 година и имаат четири деца. Тие во септември 2018 година објавија дека се разделиле и планираат да се разведат.

Џонсон (55) сега живее со својата 31-годишна партнерка Кери Симондс во службената резиденција, Даунинг стрит 10.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.