Од една болница во Русија се украдени 13 метри бакарни цевки, кои снабдувале со кислород пациенти со корона вирус.

Цевките се украдени во рускиот регион Чита, во реонот Бајкал, каде здравствените власти објавија дека во понеделникот вечерта, уредите за вештачко дишење сигнализирале дека нагло паѓа притисокот во системот.

На системот за снабдување со кислород се приклучени 150 од 200 болнички кревети, а поради кражбата, пет пациенти на кои постојано им требало кислород биле префрлени на интензивна нега во друго одделение.

Системот за снабдување со кислород се санира, а полицијата трага по крадецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.