Проукраинскиот белоруски канал на Телеграм, на кој се објавуваат разузнавачки информации, се наведува дека во Белорусија вчера биле забележани „значајни“ маневри на тешко руско оружје, пренесува Би-Би-Си Њуз.
Во соопштението се наведува дека возови полни со руско оружје и возила се забележани на железничките станици во главниот град Минск, но и на неколку станици во југоисточна Белорусија.
На железничката станица во Речица, место во југоисточна Белорусија, забележени се тенкови и камиони, како и противвоздушни ракетни системи и оклопни амфибиски возила.
На аеродромот Баранавичи, во западна Белорусија, полетале шест руски борбени и транспортни авиони, а од аеродромот Мачулиши кај Минск полетале неколку руски хеликоптери.
Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и му помага од почетокот на војната во Украина. Русија го повлече најголемиот дел од своите сили од северна Украина и се фокусира на источниот регион Донбас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.