Во Белгија е уапсен лекар кој издал околу 2.000 лажни ковид-потврди, соопштија денеска властите на таа земја, пренесе „Анадолија“.

Министерката за здравство на белгискиот регион Валонија, Кристи Мореал, изјави дека лекарот, кој не бил назначен, ќе биде кривично гонет поради издавање лажни ковид-сертификати.

Опишувајќи го случајот како „здравствен скандал“, таа рече дека потврдите се одземени и дека лицата инволвирани во измамата ќе се соочат со правни последици.

Сертификатите докажале дека лицето било целосно вакцинирано, негативно на тестот за коронавирус во последните 48 часа или дека го прележало во последните шест месеци.

Овој сертификат е потребен од почетокот на ноември за влез во ресторани, кафулиња, барови, спортски сали и други места во Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.