Белгија нема пријавно смртен случај предизвикан од компликации од ковид-19 првпат по 10 март. Оваа европска земја  беше една од најтешко погодените средно големи држави на светот од пандемијата на ковид-19.

Официјалниот трагичен биланс изнесува 9.787 починати, што во земјата со 11,5 милиони жители значи околу 850 жртви на еден милион луѓе. На светско ниво полош просек има само малата држава Сан Марино. Врвот беше достигнат на 12 април, кога имаше 343 починати.

Од почетокот на кризата во Белгија има 62.781 заразен, а дневниот просек на нови случаи во изминатите седум дена е 95.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.