Уште двајца пациенти во Белгија се дијагностицирани со новиот омикрон сој на коронавирусот, вкупниот број на познати случаи сега достигнува четири, јави дописничката на МИА од Брисел.

Белгија беше првата земја во Европа што објави присуство на новата мутација на вирусот, вчера беше детектиран втор, а денеска универзитетската болница во Гент пријави уште два случаи

Едниот пациент неодамна патувал, другиот не.

Во текот на денот се чека нов извештај на експертската група, врз чијашто основа ќе се одлучува за свикување на нов министерски состанок за да се разговара за дополнителни рестриктивни мерки за спречување на ширење на вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.