Парламентот даде согласност за нов закон кој предвидува опција за вакцинација во аптеките во Белгија, лекарите се противат на оваа одлука, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со новиот закон возрасните граѓани ширум Белгија ќе можат директно да добијат доза вакцина против Ковид-19 во аптека. За сега Белгијците се вакцинираат во центри за вакцинација и здравствени установи од различни видови.

Законот не предвидува оваа одлука да важи за други вакцини освен Ковид-19.

Синдикатот на лекари одамна се противи на овој предлог закон, лекарите сметаат дека правилна вакцинација треба да се извршува од страна на лекар или медицинска сестра. Но за власта во Белгија оваа одлука ќе помогне да се зголеми стапката на вакцинирани лица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.