Во Австрија, четврти ден по ред, има повеќе излекувани отколку новозаразени лица со Ковид-19.

Од понеделникот се пријавени дополнителни 583 лица кои се излекувани, додека има новозаразени 332 лица.

Вкупно, во моментов се заразени 8.043 лица и нивниот број е намален за 3,4 проценти во однос на претходниот ден, додека 12.332 лица се тестирани позитивно од почетокот на епидемијата во Австрија.

Тековните движења, велат експертите, не укажуваат дека постои ризик од преоптоварување на болничките капацитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.