Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска соопшти дека од почетокот на февруари ќе се воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за возрасните лица, со закани од високи казни против антиваксерите, јавува Јуроњуз. Станува збор за прва европска земја во која што вакцинацијата станува задолжителна.

Планот за задолжителна вакцинација треба да биде усвоен од австрискиот парламент во четврток, иако дел од опозициските партии изјавија дека потребни се промени во предложеното законско решение.

Во Австрија во моментов 71,6 отсто од населението што брои 8,9 милиони лица досега се целосно вакцинирани против ковид-19, но помал дел од популацијата се противи на имунизацијата против корона вирусот.

Исклучок од задолжителната вакцинација ќе бидат бремените жени и лицата коишто од медицински причини не можат да бидат вакцинирани, како и лицата коишто прележале ковид-19 во последните шест месеци.

Неодговорните индивидуи ќе има можност да бидат казнети и до четири пати годишно со по 3.600 евра поради одбивањето да се вакцинираат, а притоа нема да им биде дозволено паричната казна да ја заменат со затворска казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.