Во Австрија цените на храната значително се зголемија во последните месеци.

Така најевтиниот вид брашно поскапе, во споредба со годишно ниво, за цели 127 отсто, покажува истражувањето на Комората на труд (АК).

Секој што сака да испече торта ќе мора да ја стави раката во својот паричник многу подлабоко за одредени состојки отколку што беше случај минатата година.

Така, цената на килограм најевтиното брашно од 0,41 евро колку што чинеше лани се зголеми на сегашните 0,92 евра.

„Тоа е поскапување за речиси 127 отсто“, истакна заштитничката на потрошувачите на АК, Габриела Згубиќ.

Истражувањето на АК покажува дека цената на килограм најевтиниот путер се зголемила од 5,67 евра на 9,96 евра, што е пораст од речиси 76 отсто.

„Големиот проблем, покрај поскапувањето, е што често во продавниците нема поевтини производи, па потрошувачите мора да купуваат поскапи производи“, објаснува таа.

АК ги поздрави најавените мерки за растеретување на товарот на граѓаните, но смета дека Владата треба да донесе одлука за привремено намалување на ДДВ за прехранбените производи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.