Во новиот состав на американскииот Конгрес,117. по ред, што ќе почне со својата работа во јануари, ќе има рекорден број жени – 141. Од избраните жени во Конгресот,  105 се од редовите на Демократската партија, а 36 од Републиканската партија.

Како што соопштија од Руџерс универзитетот за жени и политика, со овие бројки е урнат претходниот рекорд од последното, 116. свикување на Конгресот, кога имаше 127 припаднички на понежниот пол.

Републиканците, исто така, го урнаа рекордот според бројот на жени што ќе ги претставуваат нивните политики во двата дома на Конгресот (36), бидејќи претходниот рекорд беше 30, поставен од 2006 година, додека на демократите им недостасува една жена за да се изедначи со рекордот од 2019 година.

Следната година во Конгресот ќе има најмалку 51 жена којашто не е бела, што исто така е рекорд, од кои 46 се од Демократската партија и пет од Републиканската партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.