Во последното деноноќие, во Албанија регистран е негативен рекорд од 311 новозаразени со Ковид-19 од 1.397 тестирани, што е 22,2 отсто од тестираните, јави дописничката на МИА од Тирана.

И понатаму Тирана е главното жариште на болеста, каде се 100 од новозаразените, по што доаѓа Фиер со 66 и Драч со 32.

Во исто време шестмина пациенти, од 53 до 65-годишна возраст, ја загубија битката со опасниот вирус. За среќа оздравени се 85, но загиржува високата бројка на оние на кои им е потребно болничко лекување. Во двете ковид болници се третираат 289 пациенти, што е највисока бројка до сега, информираше Минстерството за здравство и социјална заштита.

Поради континуираниот раст на болни на кои им е потребно болничко лекување веќе за прием на пациенти е подготвена третата ковид болница. Со тоа капацитетот се зголемува на околу 500 болнички легла. Таму ќе бидат префрлени веќе хоспитализираните од двете ковид болници кои се со полесна здравствена состојба.

Министерството информираше дека до сега се направени 121.004 тестови, позитивен резултат е добиен кај 20.040, оздравеле 10.893, починале 493, додека активни на болеста се 8.654 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.