Во истанбулската џамија Аја Софија, првпат по 87 години, беше извршена молитва за Рамазан Бајрам, јавува турската државна новинска агенција Анадолија.

Аја Софија служела како црква 916 години, сè до османлиското освојување на Константинопол, денешен Истанбул, додека како џамија служела од 1453 до 1934 година.

На 10 јули минатата година турски суд ја поништи одлуката на некогашната влада на таа земја, која на Аја Софија на 24 ноември 1934 година и додели статус на музеј. Со поништувањето на споменатата одлука, на Света Софија и е вратен статусот на џамија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.