И покрај намалувањето на бројот на летови низ светот поради пандемијата на корона вирусот во 2020 година бројот на загинати луѓе во големи несреќи на патнички авиони се искачи на 299.

Како што покажуваат податоците на холандската консултантска компанија „To70“, во изминатата година се случиле 40 големи несреќи на патнички авиони, од кои пет беа фатални, што доведе до 299 жртви. Во 2019 година имало речиси двојно повеќе несреќи (86), од кои 8 биле фатални. Тогаш загинале 257 лица.

Во 2020 година имало по 0,27 фатални несреќи на милион летови или една фатална несреќа на секои 3,7 милиони летови, во споредба со 2019 година кога таа бројка била 0,18.

Повеќе од половина од сите загинати во истражувањето на „To70“ се 176 жртви на несреќата во јануари 2020 година, кога беше соборен украински авион во иранскиот воздушен простор. Вториот најсмртоносен инцидент беше несреќата во Пакистан во мај, во која загинаа 98 лица.

Во последните две децении, драматично опадна бројот на загинати во авионски несреќи. Во 2005 година, беа пријавени 1.015 несреќи низ целиот свет. Во последните пет години имало во просек 14 фатални несреќи, што доведува до 345 смртни случаи годишно. Најбезбедна за авијацијата беше 2017 година, кога имаше само две кобни несреќи со 13 жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.