Швајцарската Влада нареди затворање на рестораните, кафулињата и продавниците во 19 часот во многу делови на земјата, додека државата се бори со континуирано висок број на нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19.

Новите мерки ќе стапат на сила утре, а ќе важат до 22 јануари.

Владата најави дека во кантоните каде епидемиолошката состојба е поповолна, објектите сепак ќе можат да работат до 23 часот. Властите предупредуваат дека бројот на новозаразени и смртни случаи во некои кантони е во пораст, а здравствениот систем е преоптоварен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.