Властите во Австралија повикаа на нова масовна евакуација на густо населеното подрачје на северот на земјата поради опасност од нови пожари. Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус рече дека населението мора да ја напушти областа доколку добијат такви инструкции.

Тоа е единствениот начин да се гарантира вашата безбедност. Опасно е да се остане во некои населени места. Не можеме да ја гарантираме вашата безбедност, рече Ендрус во телевизиското обраќање до јавноста.

Досега најмалку 27 луѓе загинаа во пожарите коишто зафатија површина од 10,3 милиони хектари, што е еднакво на површината на Јужна Кореја. Илјадници луѓе останаа без покрив над главата, илјадници од нив во неколку наврати беа евакуирани заради заканата од пожарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.