Поддршката за владејачките социјалисти во Шпанија падна пред изборите во ноември, а близу до освојување мнозинство не се ниту левичарскот, ниту десничарскот блок, покажа анкета на Сигма Доса објавена во дневниот весник „Ел Мундо“.

Ова е прва анкета објавена откако шпанскиот Врховен суд изрече затворски казни за деветмина каталонски лидери поради референдумот за независност во 2017 година, што предизвика масовни протести во Каталонија.

Социјалистичкиот премиер Педро Санчез минатиот месец ги распиша изборите за 10 ноември, откако одби да склучи договор за коалиција со екстремно левата партија Унидас Подемос, со надеж дека новите избори само ќе ја зацврстат неговата партија седум месеци по последните избори.

Анкетата на Сигма Доса предвидува дека социјалистите повторно ќе бидат најголема партија и ќе освојат само 122 од 350 места во парламентот. На изборите во април тие освоија 123 места. Унидас Подемос ќе освои 33 места, покажува анкетата, а на последните избори освои 42.

Анкетата на Конзервативната народна партија (ПП) и дава 98 места, што претставува скок од последните 66.

Екстремно десничарската партија „Вокс“ ќе стане третата најголема политичка сила со 34 места, додека на последните избори имаше 24. Партијата на десниот центар Сиудаданос ќе падне од 57 на 19 места, покажа анкетата.

Анкетите предвидуваа сличен успех за „Вокс“ и пред изборите во април, но тоа на крај не се оствари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.