Владејачката партија во Мексико, на изборите за Долниот дом на Парламентот го изгуби апсолутното мнозинство, покажуваат првите официјални проценки на резултатите.

Според првичните резултати на изборната комисија, партијата Моренa на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор ќе има меѓу 190 и 203 од 500 места. Со тоа, Морена го загуби апсолутното мнозинство, како и две третини од местата што ги имаше со уште три партии.

Мексиканците гласаа за 15 од вкупно 32 гувернери, како и за 20.000 места во локалната самоуправа.

Изборната кампања беше обележана со насилство и убиство на неколку кандидати на локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.