Француската влада се откажа од зголемувањето на данокот на гориво во 2019 година, кој претходно беше суспендиран на шест месеци, изјави доцна вечерва францускиот премиер Едуард Филип.

Филип на пратениците во францускиот парламент им соопшти дека „засега се откажува од зголемувањето на даноците на горивото” во буџетот за 2019 година. Како што објави АП, тој на пратениците исто така им соопштил и дека Владата е подготвена за дијалог.

Според медиумите ова претставува подеба за „жолтите елеци“. Претходно денеска лидерот на најголемата опозициска партија во Франција побара воведувањето вонредна состојба во земјата бидејќи в сабота се очекуваа нови протести на движењето „Жолти елеци“.

Протестите во Париз минатата сабота ескалираа. Најмалку три лица загинаа, а стотина се повредени од 17 ноември кога почнаа протестите на „жолтите елеци“ во Франција против зголемувањето на горивата. Учесниците на протестот пред неколку дена се обидоа да стигнат до парламентот, но беа спречени од полицијата.

По немирните протести, францускиот премиер, Едуард Филип, најпрвин одлучи да го одложи зголемувањето на данокот за гориво за најмалку шест месеци како одговор на неколкунеделните и честопати насилни протести, а тој потег стана првата голема отстапка во политиката на администрацијата на Макрон. Но со вечерашната одлука зголемувањето на данокот на горивото се одлоужа за цела година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.