Во турската област Адана е уапсена висока припадничка на терористичката организација Исламска Држава против која Франција има распишано црвена потерница.

Како што објави агенцијата Анадолија (АА), екипи од полициската дирекција во Анкара откриле дека во градот е дојдена 30-годишната припадничка на терористичката организација, Сумаја Раиши, која се бара од француските власти.

Приведената припадничка на терорисричката организација е со потекло од Тунис, а во себе имала фалсификувани сириски лични документи.

Раиши, која француските власти ја опишуваат како многу опасна, е пренесена во полициската дирекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.