Во Полска во последните 24 часа забележан е рекорден дневен раст на бројот на заразени со вирусот корона, откако се потврдени нови 680 случаи

Според официјалните податоци, во оваа држава регистрирани се уште шест смртни случаи.

Новиот број на заболени е последица на јавните собири и ширење на вирусот меѓу рударите, јавуваат медиумите.

Вкупниот број на заболени лица во Полска е 48.149 случаи, а починати се 1.738 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.