Во Чешка по три години за првпат е регистриран високо патогниот вирус на птичји грип Х5Н8. 

Чешката државна ветеринарна администрација соопшти дека епидемијата е пријавена на живинарска фарма во централното подрачје на Чешка.

Анализите потврдија дека од вирусот птичји грип се угинати голем број кокошки.

Локалната ветеринарна служба наведе дека се преземени сите мерки за претпазливост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.