Комитетот за разузнавачки прашања при американскиот Сенат едногласно потврди дека поранешниот дипломат Вилијам Барнс ќе биде новиот шеф на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), изјави сенаторот Марк Ворнер, претседател на комитетот.

Ворнер истакна дека едногласната потврда на ветеранот во дипломатијата Барнс, кандидат на претседателот Џозеф Бајден за директор на ЦИА, сведочи за неговите „несомнени квалификации за таа позиција, долгогодишното искуство во националните безбедносни прашања и посветеноста кон јавните служби, која е за пофалба“.

За време на сослушувањето пред комитетот, Барнс изјави дека на „сè покомплексната и поконкурентна“ меѓународна сцена, „предаторскиот“ став на кинеската Влада претставува „најголем геополитички предизвик“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.