Германија до крајот на годината ќе успее да ја стави пандемијата под контрола, но новиот позаразен вид може да ја влоши ситуацијата, изјави директорот на германскиот Институт за инфективни болести „Роберт Кох“, Лотер Вилер.

Во Германија досега се регистрирани 16 случаи на британскиот вид на Ковид-19 и четири со јужноафриканскиот, сите тие се заразиле по враќањето од странство.

Ова нема да биде последна мутација што ќе ја видиме, да не го забораваме бразилскиот вид на Ковид-19. Има уште видови, истакна Вилер и апелираше до граѓаните да не патуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.