Дел од вработените во во американскиот законодавен дом Капитол преку социјални мрежи објавуваат видеа и фотографии од внатре, а на едно видео се гледа како демонстранти облечени и опремени како викинзи стојат пред внатрешен полициски кордон.

Во Конгресот е прекинат процесот за потврдување на изборните резултати од ноемвриските избори. Иако Бајден освои 7 милиони гласови повеќе и стигна до потребната натполовична бројка електори (306), Трамп тврди дека тој победил.

Сите негови жалби се одбиени, а Трамп упати порака до потпретседателот Пенс дека тој може да ги смени резултатите бидејќи по функција е претседавач со Горниот дом на Капитол, Сенатот. Пенс ја одби оваа понуда на Трамп и истакна дека тој само церемонијално ја води седницата за да се потврдат гласовите на граѓаните и изборната волја на американскиот народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.