Виетнам се обидува да ја забрза идентификацијата на своите граѓани за кои се сомнева дека се меѓу лицата кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион ладилник во близина на Лондон .

Националноста на жртвите се уште официјално не е потврдена, изјави виетнамскиот заменик министер за надворешни работи, пренесен од британските медиуми.

Според него, Виетнам и Велика Британија „се обидуваат да ја забрзаат идентификацијата на телата, но немаат поставено рок“.

Британски суд вчера соопшти дека во шверцот на лицата кои настрадаа во ладилникот биле вмешани членови на меѓународна криминална група. Возачот на камионот е соочен со обвинение за убиство и трговија со луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.