Полицијата во Виена од вчера во 18 часот почнала од своите автомобили да ја пушта песната “I am from Austria”, на Рајнхард Фендрих, која веќе со години важи за неофицијална химна на оваа држава.

Ова е шармантен начин да им кажеме благодарам на сите кои помагаат и остануваат дома, соопштила информативната служба на полицијата.

Ова акција ќе трае најмалку до крајот на викендот.

Портпаролот на полицијата, Даниел Фирст, вели дека реакцијата на граѓаните е многу позитивна и дека полицајците известуваат дека граѓаните покрај кои минувале ја пееле.

Вечерва, како што најавува полицијата, оваа акција ќе се пренесува на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.