Вирџинија стана првата јужна сојузна држава во САД која легализираше лична употреба на мала количина на марихуана.

Сенатот и Претставничкиот дом на оваа држава преку гласање одлучија дека возрасните можат да поседуваат марихуана од први јули, иако на таа мерка остро се противеа пратениците од Републиканската партија.

Гувернерот на Вирџинија од редовите на Демократската партија, Ралф Нортам соопшти дека државата донела историска одлука и станала првата држава на југот во САД која легализирала „едноставно поседување на марихуана“.

Уште неколку американски држави, вклучувајќи ги Њујорк и Колорадо, усвоија слични одлуки, но Вирџинија е првата која го направи тоа во конзервативниот југ во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.